„Далеку од дома, но никогаш сами“ - Македонци навиваа за Вардар во Италија! (ФОТО)

Вардар денеска играше пријателски натпревар против аматерскиот состав на Убмрија во Фолињо и славеше со 2-1, а во овој дуел македонскиот шампион имаше и поддршка од трибините.

Како што инвормираа од редовите на Вардар на трибините присуствувале Македонци кои живеат во централна Италија.

„Македонски знамиња, македонска музика и топла поддршка - далеку од дома, но секогаш заедно“, истакнаа од Вардар.

Инаку овој натпревар за Вардар беше прв на подготовките во Италија.