Ќе внимава што зборува наредниот пат – Ѓулер стана мета на сеир! (ВИДЕО)

Австралија со 2:0 ја совлада Турција во натпреварот од првото коло во групата Д на Светското првенство, a по овој натпревар внимание привлече и Арда Ѓулер. 

Турците имаа иницијатива во поголемиот дел од натпреварот и создадоа повеќе шанси, но Австралија знаеше како да ги казни преку брзи и ефикасни контранапади. И покрај доминацијата, Турција не успеа да стигне до погодок, а во еден момент ја погоди и стативата.

Офанзивниот фудбалер за врска на Реал Мадрид пред почетокот на мечот, во тунелот кон теренот сакаше да ги мотивира своите фудбалери и камерите го забележаа како извикува:

„Многу сме подобри. Да им го покажеме тоа уште од првата минута. Ајде!“

Сепак, на крајот резултатот беше во корист на Австралија, па поради тоа стана мета на сеир на социјалните мрежи.