Готово: Кукуреља е ново засилување за Мурињо!

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, објави познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.

Левиот бек ќе го напушти Челси и по завршувањето на Светското првенство ќе се пресели во шпанската престолнина, а Реал за неговиот ангажман ќе плати 50 милиони евра.

Според информациите, договорот бил постигнат многу брзо, а Романо веќе го потврди со својата препознатлива објава дека трансферот е практично завршена работа. 

Кукуреља бил голема желба Жозе Мурињо за позицијата лев бек и неговото доаѓање треба дополнително да ја засили конкуренцијата во тимот на Реал Мадрид.