Втор пораз за одбојкарите во Европската лига, Грција беше подобра во Атина

Oдбојкарите на Македонија забележаа пораз во Европската лига откако со максимални 3-0 загубија од Грција со 25-19, 25-20, 25-23.

Нашата селекција знаеше на моменти да прикаже добра игра, меѓутоа не можевме да направиме нешто повеќе за изненадување против домаќинот. Грција уште во раната фаза наметна темпо и го контролираше резултатот, додека во наредните два прикажавме подобра игра, меѓутоа сепак ги загубивме.

Во вториот водевме битка до 18-18, кога Грците со два поени во низа направија исчекор по што ние не успеавме да се вратиме и го загубивме сетот. Во третиот на моменти и имавме и водство, меѓутоа домаќинот направи пресврт и дојде до максимална победа.

Најефикасни кај нас беа Никола Ѓоирѓиев со 11 поени и Филип Савовоски со 10. За одбојакрите овој пораз беше втор по дуелот со Холандија, претходно запишавме и две победи со Исланд и Луксембург.