Ноер против Курасао урна рекорд стар 26 години

Голманот на Баерн и германската репрезентација Мануел Ноер постави нов рекорд и стана највозрасниот фудбалер што некогаш ја претставувал својата земја на едно големо меѓународно натпреварување.

Ноер има 40 години и 79 дена и беше стартер на денешниот натпревар од првото коло на Мундијалот против селекцијата на Курасао. Со тоа, тој го собори рекордот кој повеќе од две децении го држеше Лотар Матеус, кој настапи за Германија на Европското првенство во 2000 година на 39-годишна возраст.

Ноер, роден на 27 март 1986 година, со овој настап го надмина рекордот за речиси цела година. Тој претходно се повлече од репрезентацијата по Европското првенство во 2024 година, откако забележа 124 настапи и стана голман со најмногу одиграни натпревари во историјата на германската селекција.

Сепак, Нагелсман го врати во националниот тим и го вклучи меѓу 26-те играчи за Светското првенство, потврдувајќи дека токму тој ќе биде прв голман на отворањето на турнирот против Курасао, натпревар кој Германците го добија со убедливи 7-1.

Ноер дебитираше на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, а четири години подоцна во Бразил ја освои „Златната ракавица“ за најдобар голман на турнирот и со Германија го подигна трофејот на светски шампион.

Настапуваше и на првенствата во 2018 и 2022 година, па овој Мундијал е негов петти во кариерата.