Германија урна голем рекорд на Светските првенства!

Германците синоќа немаа милост за дебитантот Курасао, му дадоа седум гола победувајќи го со 7-1, а ова беше рекордна ноќ за германската селекција.

Со „седумката“ против Курасао, Германија стана најефикасна репрезентација во историјата на Светските првенство. Тоа за нив беше 239. гол на Мундијалите, еден повеќе од досегашниот рекордер, селекцијата на Бразил.

Предноста на Германија на врвот е само еден гол, па во зависност од тоа кој ќе биде поефикасен на Светското првенство, дали тие или Бразил, врвот на табелата за најефикасни може да се менува.

Засега Германците покажаа многу повеќе од Бразилците, но имаа и значително полесен противник.