Фабијани: Вардар е институција, треба да биде убедливо најдобар во Македонија
Фабијани е задоволен од почетокот на подготовките со фудбалерите и дека имаат одлични услови за работа во македонскиот клуб.
„Задоволен сум од што играчите кои дојдоа подготвени. Имаме големи амбиции за следната сезона. Ќе дадеме сè од себе да ги исполниме тие амбиции. Фудбал е, може да се случи сè. Лигата е компететивна, но ние со добра работа треба да бидеме подобри. Имаме одлични услови за работа. Вардар е институција, треба да биде убедливо најдобар во Македонија“, кажа Фабијани.
Аргентинскиот тренер кажа дека му било мотив да го преземе Вардар и кажа дека очекува успех и на меѓународна сцена со „црвено-црните“.
„Самото доаѓање тука ми беше мотив затоа, доаѓам во најголемиот клуб и сакам да се докажам тука. Имам бескрајна доверба во себе, не правам разлика меѓу млади и стари играчи, сакам да направам хомогена група која ќе игра како едно. Верувам дека можеме да направиме успех и на меѓународна сцена .Аргентинците ќе немаат попуст, сите ми се исти во екипата“, посочи тренерот.