Серена Вилијамс по речиси четири години пауза се врати со победа!

По речиси четири години пауза, легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс заедно со својата партнерка Викторија Мбоко остварија триумф над Никол Мелихар-Мартинез и Ерин Рулиф за пласман во четвртфинале во Квинс.

Поранешната прва тенисерка во светот го одигра првиот натпревар по паузата која траеше од 3 септември 2022 година, а истиот траеше еден час и 32 минути, при што им припадна на Вилијамс и партнерката со 7-6 и 6-2.

„Беше многу забаво. Досега никогаш не сме играле заедно, но беше природно и лесно се прилагодивме“, кажа Вилијамс.

Вилијамс и Мбоко во четвртфинале во Квинс ќе играат против Лејла Фернандез и Лаура Зигмунд.