
„Стоилов не е спремен да го води Вардар - на него е дали ќе остане!“
Легендарниот пикер и поранешен капитен веќе долго време е помошник на повеќе тренери во поранешниот европски шампион и многумина очекуваа тој да ја добие довербата.
„Стојанче Стоилов е легенда, но во овој момент сметавме дека Чупиќ е подобра опција. Мислам дека Столе не е спремен да го води Вардар, а на него е дали ќе остане во клубот или не“, рече Михајловски.
И Чупиќ рече дека имал пријателски разговор со својот поранешен соограч, но не откри детали од него, со напомена дека тоа ќе остане меѓу нив двајца.