Грузиски репрезентативец ново засилување за Бутел!

По искусниот голман од Алкалоид, Благојче Трајковски, екипата на Бутел објави ново засилување во своите редови.

Ново име во таборот на ракометниот суперлигаш е Грузиецот, Давид Гришикашвили. Станува збор за ракометар роден 2007 година и преселбата во Бутел за него е прв предизвик на интернационална сцена.

Во Бутел пристигнува од тимот на Пегаси Тбилиси и потпиша договор на три сезони.Иако има само 18 години, Гришкашвили доби повик и во сениорската репрезентација на Грузија која предводена од селекторот Тите Каландзе го обезбеди настапот на Европското првенство во 2026 година.

Фото: РК Бутел/ФБ