Динамо се збогуваше со Адеми: Аки, вратата за тебе секогаш ќе биде отворена!

Аријан Адеми наредната сезона нема да го носи дресот на Динамо Загреб, а хрватскиот гигант преку социјалните мрежи и официјално се збогуваше со македонскиот фубалер.

Адеми Динамо го напушта како најтрофеен фудбалер во клупската историја со 24 освоени трофеи од кои 13 во првенството, седум во купот и уште четири во Суперкупот. Вкупно за Динамо одигра 430 официјални натпревари и со нив е на второто место во клупската историја.

Во Динамо Адеми е рекордер по бројот на настапи во европските натпреварувања и ги има 110.

„Драг Аки, ти благодариме за сѐ и среќно во новиот предизвик. Вратата на твојот Динамо секогаш ќе ти биде отворена“, објави гигантот од Загреб.

Според најавите од хрватските медиуми нов клуб на Адеми треба да биде унгарскиот Ујпешт.