Екс-фудбалерот на Барса и Атлетико стана тренер во Украина

Украинскиот гигант Шахтјо Доењск денеска и официјално за нов тренер го претстави Арда Турран.

На клупата на Шахтјор Туран пристгнува на местото на Марино Пушиќ кој доби отказ уште во мај откако не успеа на овој клуб да му ја донесе титулата во првенството.

Под негово водство Шахтјор заврши како трет зад Динамо Киев и Олександрија што предизвика големо незадоволство во клубот.

Арда Туран е познато име во европскиот фудал и поранешен турски репрезентативец, а своевремено беше дел од Барселона, Атлетико Мадрид и Галатасарај.

Во кратката тренерска кариера досега го предводеше само Ејупсор.