
Вирц стана најскап играч во историјата на Премиер лигата
Плејмејкерот стави потпис на договорот со „црвените“ и со тоа стана најскап фудбалер и во историјата на Ливерпул и воопшто на Премиер лигата. Неговиот трансфер изнесува 125 милиони евра со што е надминат досегашниот рекорд на Енцо Фернандез кој пред три години се пресели во Челси за 121 милион. Досегашен рекордер пак на Ливерпул беше Дарвин Нуњез кој од Бенфика дојде за 85 милиони евра.
Минатата сезона Вирц одигра 31 натпревар и постигна 10 гола и 13 асистенции во дресот на Баер Леверкузен. За него беше заинтересиран и Баерн, но „фармацевтите“ не сакаа да го засилат својот голем ривал, а и самиот фудбалер сакаше да се пресели во странство.