
Мората се враќа во Серија А и ќе игра за неговиот поранешен соиграч?
Мората првиот дел од минатата сезона го помина во Милан, а потоа се пресели во Истанбул каде што со Галатасарај овои двојна круна во Турција.
Италијанските медиуми сега пренесуваат дека Мората би можел да заигра за Комо бидејќи добил повик од неговиот сонародник Сеск Фабрегас, кој е тренер на овој клуб, но и еден од сопствениците.
Во кариерата Мората покрај Милан и Галатасарај беше дел уште од: Реал Мадрид, Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид.
Со Шпанија пред една година го освои Европското првенство во Германија, а неодамна беше трагичар во Лигата на Нации промашувајќи пенал во финалето против Португалија.