
Евролигата повторно ќе се проширува, но ќе се игра во нов формат?
Според Литванецот, актуелниот лига-формат може да издржи максимум 20 екипи, но не исклучува тоа да се случи со поголеми промени.
„Свесни сме дека лигашкиот систем не може да опфати повеќе од 20 тимови. Разговаравме за тоа и со Боштјан Нахбар и со Здружението на играчи на Евролигата. Ако повторно се прошириме, ќе мора да го смениме форматот, но и натаму секој ќе игра со секого. Не сакаме да се вратиме на жрепката и неизвесност дали некој ќе може да игра против сите“, изјави 44-годишниот Мотејунас од Каунас.
Тој потврди дека Евролигата е отворена за понатамошна експанзија и дека интересот постои од повеќе амбициозни клубови низ Европа.
„Има уште квалитетни клубови кои сакаат да се приклучат. Треба да се земе предвид и фактот дека еден од акционерите, ЦСКА Москва е суспендиран поради војната. Нашата визија е лига со 24 екипи, но без компромис во квалитетот. Ќе го почитуваме календарот на домашните првенства и ќе се однесуваме како дел од кошаркарскиот екосистем. Тоа го истакнавме и во разговорите со ФИБА. Сакам да растеме, но не по цена на другите“, заклучи Мотејунас.
Во новата сезона на најелитното европско натпреварување нема да игра берлинска Алба, а нејзиното место ќе го заземат две нови имиња: Дубаи, кој доби петгодишна лиценца и израелскиот Хапоел од Тел Авив, кој дојде како шампион на Еврокупот. По една сезона пауза, се враќа и Валенсија, што значи дека Евролигата од есен ќе брои 20 тимови наместо досегашните 18.