Иновација во Мадрид: На тренингот на Реал се користат и дронови (ВИДЕО)

Чаби Алонсо кој ова лето пристигна во Реал Мадрид како наследник на Карло Анчелоти додал и една иновација која и ја самиот ја користи првпат во кариерата.

Имено, шпанскиот стратег на тренинзите користи дронови со цел да има подобар преглед во правењето на анализи и движењето на фудбалери.

За време на работата во Баер Леверкузен, Алонсо користеше камери, но сега за првпат вклучил и дронови. Исто така ова е ново за фудбалерите во Реал Мадрид, бидејќи ниту Карло Анчелоти не се служеше со вакви методи.