
Чупиќ: Вардар е мојот втор дом – не можев да го одбијам!
Тој по крајот на играчката кариерата работеше како асистент во ППД Загреб, а минатата сезона беше прв тренер на Метковиќ, со кој обезбеди опстанок во хрватската лига. Сега ја прифаќа новата мисија во Скопје, каде што ќе има задача да го врати Вардар на шампионските патеки.
„Не можев да одбијам повик од Вардар – тоа е мој втор дом. Благодарен сум на Метковиќ за шансата да почнам како тренер, но ова е посебна приказна. Целата екипа мора да ја сфати одговорноста што значи да се носи дресот на Вардар. Имаме јасна цел – враќање на титулата по три сезони“, е првата изјава на Хрватот како црвено-црн кормилар.
Чупиќ, кој за Вардар настапуваше во периодот помеѓу 2016 и 2021 година, најави дека со својот стручен штаб ќе работи со голема посветеност и ентузијазам, со цел повторно да го издигне Вардар на врвот. За тренер на голманите е назначен Марио Келентриќ, а наскоро ќе биде познат и неговиот асистент.