РК Тиквеш го официјализираше наследникот на Данило Брестовац!

Искусниот Никола Матлиески е новиот тренер на ракометниот суперлигаш Тиквеш, откако челниците на клубот вечерва го официјализираа неговото седнување на клупата на местото на Данило Брестовац.

Поранешниот селектор се пресели на Блискиот Исток, каде што ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија, по што остана испразнето место во стручниот штаб на кавадарчани. Матлиески добро ги познава состојбите во македонскиот клупски ракомет, со оглед што во минатото беше дел од екипите н Металург и Пролет, а негов последен ангажман беше на клупата на Голден Арт.

Тиквеш во моментов е на четвртата позиција на табелата во ракометната елита со 14 бодови и со сериозна шанса да избори пласман во Европа за следната сезона.