Мурињо по ангажманот во Фенербахче сака да стане селектор
Еден од најдобрите тренери во светот има договор со Фенербахче до 2026 година, по што сака да биде селектор на некоја репрезентација.
„Сакам да водам тим на Европско или Светско првенство. Тоа ќе биде неверојатно искуство“, вели Мурињо.
Мурињо и во минатото го поврзуваа со тренерските столчиња на Португалија, Бразил и Саудиска Арабија, но не се остварија шпекулациите.