Клупската телевизија на Реал Мадрид: Ла Лига е одвратна, треба да се повлечеме!
Пет минути пред првиот гол на Реал Мадрид, Винисиус непотребно го удри македонскиот голман, Столе Димитриевски и по реакција на ВАР беше испратен во соблекувалната.
Жестока реакција на оваа ситуација имаше клупската телевизија на Реал Мадрид која порача дека „кралевите“ треба да ја напуштат Ла Лига.
„Клубот треба веднаш да се повлече од лигата, првенството е одвратно. Секоја посета на овој стадион носи некаков циркус. Вакви работи му се случуваат само на Реал Мадрид, целиот систем е против нас. Вечерва ја победивме Валенсија и покрај оваа валкана игра, сами против сите“, стои во реакцијата.
За најголем дел од јавноста ваквата реакција е претерана, дури и кога се работи за клупска телевизија.