Ѓоковиќ: Уште имам трауми кога доаѓам во Австралија
Причина за тоа е ситуацијата која се случи пред три години, непосредно по пандемијата со корона вирусот кога извесен период помина во „притвор“, а потоа беше депортиран затоа што немаше вакцина против ковид-19.
„Ќе бидам потполно искрен, последните неколку пати кога доаѓав во Австралија и кога ја минував пасошката контрола, ја чувствував траумата од пред три годни. Некои болки и сега остануваат бидејќи постојано се вртам и проверувам дали доаѓа некој од имиграциската служба. Го посматрам и лицето кое ми го проверува пасошот - дали ќе ме одведе некаде или ќе ме пушти“, изјави Ѓоковиќ во интервју за австралискиот Хералд Сан.
Пред две години тој се врати во Мелбурн и го освои десеттиот трофеј на Австралија Опен, а оваа сезона ќе се обиде да стигне до 25. Гренд слем титула во кариерата.