Официјално: Захариевски нов тренер на Пелистер!

Eкипата на Пелистер на почетокот од новата година назначи и нов тренер и тоа искусниот Срѓан Захариевски.

Захариевски во Пелистер пристигнува на местото на Влатко Костов. За Захариевски ова е и враќање во битолскиот клуб кој го водеше во 2017 година.

Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција“, објави Пелистер.

Подготовките Захариевски со Пелистер ќе ги стартува на 8 јануари.