Гвардиола ја презеде одговорноста: Јас сум виновен за лошите резултати

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека ја презема целосната одговорност за лошата форма на неговиот тим оваа сезона, во која „граѓаните“ победија на само два од последните 10 натпревари во Премиер лигата.

Лошата серија го остави актуелниот шампион на шестото место на табелата со 31 бод од 19 натпревари, 14 зад лидерот Ливерпул, кој има натпревар помалку. Кампањата на Сити беше попречена од голем број повреди, а меѓу оние кои отсуствуваа се освојувачот на Златната топка Родри, потоа голманот Едерсон и дефанзивците Џон Стоунс и Рубен Дијаз.

„Има многу, многу работи и многу пропуштив - нешто што не го правам добро. На крајот на денот, кога губите многу натпревари, тоа е одговорност што како менаџер треба да ја преземете. Има нешто што му треба на тимот, а јас не можев да им го дадам. Одговорноста е прво на мене, не на играчите, природно е тие ментално да паднат, такво нешто се случи минатата сезона. Се обвинувам себеси. Јас ја водам оваа група играчи и не успеав да ги мотивирам. Тоа е реалноста“, изјави Гвардиола.

Неговиот тим ќе се обиде да „врзе“ две победи по ред денеска против Вест Хем, откако минатиот викенд го совлада Лестер со 2-0.