Матиќ пред враќање во Италија и тоа во тимот на неговиот поранешен соиграч

Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ би можел да се врати во италијанскиот фудбал и тоа во редовите на Комо.

Комо од клупата е предводен од Цеск Фабрегас, а медиумите пишуваат дека српскиот фудбалер е голема желба на шпанскиот стратег.

Во овој момент Матиќ кој има 36 години го носи дресот на Лион. Матиќ и Фабрегас беа соиграчи во редовите на Челси и заедно освојуваа титули.

Фабрехас верува дека Матиќ може да донесе сигурност во средниот ред на неговиот тим.