Миовски и Жирона добиваат засилување од Барселона?

Aнсу Фати беше некој кој своевремено многу ветуваше и изгледаше дека ќе биде голема ѕвезда на Барселона, но денес како 22-годишник тој е „вишок“ во каталонскиот гигант.

Фати блесна по појавувањето во првиот тим на Барселона, меѓутоа потоа дојдоа повредите и денес повеќе не е истиот фудбалер. Под водство на Ханси Флик, Фати запиша седум настапи во кои собра 158 минути.

Според последните информации од Шпанија преговори за негово доведување започнал клубот на Бојан Миовски, Жирона.

Наводно, Барселона е спремна да го пушти Фати за сума од десет милиони евра. Вкупно во дресот на Барселона, Фати одигра 119 натпревари во кои постигна 29 голови и подели девет асистенции.