Тотнем има нов голман

Eкипата на Тотнем одлучи да доведе нов голман, а во прашање е Антонин Кински.

Станува збор за малку познат голман кој пристигнува од редовите на Славија Прага кој би бил атлернатива за повредениот Викарио бидејќи Фрејзер Фостер не се покажа во моментите на неговото отсуство.

Во прашање е 21-годишен чешки голман кој кариерата ја започна во Дукла исто така така од Прага, а од таму се пресели во Славија која го испрати на позајмица во Пардубице.

Очигледно скаутите на Тотнем процениле дека е одличен влог за во иднина и тој во иднина ќе биде резервен голман. Чехот допатува во Лондон и ќе ги помине лекарските прегледи по денешниот натпревар кој Тотнем го игра против Њукасл.

За неговите услуги лондонскиот клуб ќе плати оштета од десет милиони фунти.