Аморим бара управата веднаш да го купи Ѓокереш!
Аморим бара од „црвените ѓаволи“ веднаш да го купат Виктор Ѓокереш, иако премиерлигашот сакаше да почека до крајот на сезоната.
„Ѓаволите“ имаат проблеми во нападот, па Аморим сака да ги реши со ангажирање на Ѓокереш, кој веќе го покажа својот квалитет во Спортинг и привлече голем интерес.
Ѓокереш и Аморим соработуваа во Спортинг пред да си замине португалскиот тренер и да седне на кормилото на гигантот од „Олд Трафорд“.