Тенисерка откри дека има рак, а неколку месеци подоцна освои медал на ОИ
Дабровски на крајот на 2024 година откри детали од тоа што ѝ се случувало во изминатите месеци. Таа објави дека има рак, а дијагнозата била поставена уште во април, по што имала две операции.
„Знам дека ова ќе биде шок за многумина, но јас се чувствувам добро. Рано го откривме ракот и тоа ме спаси. Привилегија е тоа што можам да кажам дека преживеав“, вели таа.