Барселона сè уште нема решение: Олмо пристигнал разочаран на тренинг

Каталонскиот гигант Барселона не најде решение да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, а то го разочара Шпанецот кој денеска на тренинг покажал дека не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа.

Олмо може да замине од Барселона како слободен фудбалер, меѓутоа не сака да го направи тоа и ќе почека уште малку за да се најде решение од страна на Жоан Лапорта.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Олмо денеска пристигнал разочаран на тренинг, а утеха му давале Гави, Рафиња и Педри, по што разговарал и со тренерот Ханси Флик.

Шпанецот оваа сезона настапи на 15 меча за Барселона, а притоа постигна шест гола и една асистенција.