РФМ донира 5.000 евра за лекување на Тони Шопов!

Ракометната федерација на Македонија одговори на повикот за помош на велешката ракометна легенда, Тони Шопов и излезе во пресрет со сопствена донација.

На својата официјална страница на Фејсбук, РФМ соопшти дека донира 307.500 денари за Шопов, кој има потреба од специјална терапија.

Шопов веќе три години се бори со канцер и по неколку успешни уперации, отстранети дел од дебелото црево, левиот уретер и бубрег, сега повторно се наоѓа во животозагрозувачка опасност. За да го добие најважниот „натпревар“ во животот му треба терапија, во Турција, која чини 20.000 евра.

Со актот на великодушност, РФМ придонесува многу за собирање на потребните средства, меѓутоа апелот за сите хумани луѓе и понатаму е отворен. Шопов е поранешен репрезентативец на Македонија, ракометна легенда во Велес и како тренер и како играч на Борец.