Ракометарите на Металург заминаа на турнир во Чехово

Металург по краткиот престој во Скопје, денеска замина кон Москва, кадешто ќе настапи на претсезонскиот турнир во Чехово, Русија.

Освен Металург, на турнирот во Чехово ќе настапат и екипите на Чеховски Медведи, Мешков Брест и Стеауа.

Металург првиот меч го игра од 19 часот на 16 август против Чеховски Медведи, а еден ден подоцна од 14 часот ќе се соочи со Мешков Брест, додека на 18 август од 14 часот ќе игра против Стеауа.

ФОТО: РК Металург