Познати учесниците на Ф4 во женскиот Куп

Екипите на Ѓорче Петров, Чаир, Вардар и Куманово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Во денешните финални натпревари, само Куманово имаше проблеми, додека останатите три екипи остварија убедливи победи. Кумановки со 21-20 го победија Металург Автокоманда во меч во кој победникот не беше познат до последните секинди.

Чаир го совлада Овче Поле со 46-29, Вардар беше подобар од Деспина со 30-21, а Ѓорче Петров го растури Пелистер со 47-26.