
Пелистер лесно го доби „помалиот брат“ за нови бодови во Суперлигата
Вториот тим на пелистерци парираше во првото полувреме, иако фаворитот констатно имаше предност која најмногу одеше до три гола разлика (10-13). На пауза сепак се замина со нерешен резултат (18-18).
Таква слика гледавме и во почетните минути од второто полувреме, но по серијата на Пелистер од четири гола при резултат (23-23) вториот тим на битолчани веќе не се врати во натпреварот. До крајот избраниците на Гарабаја без поголема драма ја запишаа победата.
Рудолф Хакбарт беше најефикасен со седум голови кај Пелистер, додека на спротивната страна исто така седум гола постигна Бојан Гичев.
За Пелистер ова беше шеста победа сезонава во која има уште реми со Алкалоид и пораз од Вардар.