Мајсторија на Педри: Си поигра со цела одбрана на Жирона и потсети на Меси! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона по 13 минути игра дојде до предност против Жирона, а најзаслужен за тоа е фантастичниот Педри.

На мајсторски начин Педри откако претходно се прошета во шеснаесетникот успеа да ја погоди мрежата, а голманот на гостите во оваа ситуација беше само гледач повеќе.

Интересно е што фановите на социјалните мрежи многу брзо по погодокот на Педри, потсетија дека Меси во кариерата има сличен погодок и тоа исто така против Жирона.