
Отказот на Постекоглу - втор најбрз во историјата на Премиер лигата
Тој беше назначен на почетокот од септември, како наследник на Нуно Еспирито Санто, а си заминува неславно од клупата на поранешниот европски шампион. Не само што не успеа да се снајде, туку не оствари ниедна победа и од Нотингем Форест си заминува по само 39 дена на функцијата.
Тоа е втор најбрз отказ во историјата на Премиер лигата, побрзо од Постекоглу бил избркан само Сем Алардај кој во 2023 година го водеше Лидс само 30 дена, од 3 мај до 2 јуни. Грчкиот стручњак за еден ден го помина Лес Рид кој 40 дена беше менаџер на Чарлтон и го Алардајс го држеше рекордот во Премиер лигата.