
Бетис освои голем бод: Антони му ја украде победата на Виљареал (ВИДЕО)
Виљареал поведе уште во првото полувреме, додека на 2-0 зголеми преку Молеиро во 64. минута, а тоа ја доближи „жолтата подморница“ до три бодови.
Радоста не траеше долго за домаќинот затоа што на сцена настапи Антони кој во 67. минута намали на 1-2, а потоа во судиското надополнување стрелаше и втор пат (2-2).
Виљареал остана на третата позиција со 17 бодови, додека Бетис има еден поен помалку во Ла Лига.