Феликс се препороди во Ал-Наср, Роналдо го постигна 949. гол во кариерата!

Ал Наср славеше со 5-1 против Ал Фатех во петтото коло од саудискиот шампионат, а мечот го одбележа Жоао Феликс кој постигна хет-трик и игра како препороден во Саудиска Арабија.

Жоао Феликс го отвори резултатот во 13. минута од средбата, по што Бендебка израмни на 1-1 на стартот на вториот дел.

Кристијано Роналдо потоа промаши пенал, но веднаш ја корегира својата грешка и го однесе Ал Наср во предност од 2-1.

До крајот на мечот уште два пати стрелаше Феликс, кој го комплетираше хет-трикот, додека во листата на стрелци се запиша и Коман.

Фото: AlNassr Saudi