Македонските кадети го совладаа домаќинот за прв триумф на „Трофеј Карпати“

Машката кадетска репрезентација на Македонија успеа да слави против домаќинот Романија (32-24) за прв триумф на турнирот „Трофеј Карпати“.

Кадетите ја најавија победата уште во првото полувреме кое им припадна со 17-13, додека во вториот дел продолжија со одличната игра и славеа со 32-24.

Македонија утре игра против младите надежи на Србија од 9 часот.