
Алкалоид го надигра Пролет за петти триумф по ред во Суперлигата
Екипата од Автокоманда беше одлична од почетокот на натпреварот и го доби првото полувреме со убедливи 17-10.
Пролет во вториот дел не успеа да одговори на фаворитот, а Алкалоид го искористи тоа за дополнително да ја зголеми предноста до конечни 29-20.
Тордарсон и Ненад Костески постигнаа по седум голови за Алкалоид, додека Мишевски запиша пет погодоци за Пролет.