Кејн испиша историја: Баерн го доби дербито против Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен триумфира со 2-1 против Борусија Дортмунд на „Алијанц Арена“ во седмото коло од Бундеслигата, а англискиот напаѓач Хари Кејн се запиша во историјата.

Првиот гол беше постигнат во 22. минута кога Кимих го пронајде Кејн, кој потоа со глава го матира голманот на „милионерите“ и така стигна до 12 погодоци по само седум натпревари и стана првиот фудбалер на кој му успеало тоа во германскиот шампионат.

Резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме, а во вториот дел Дортмунд доминираше на теренот и создаде многу шанси.

Адејеми имаше големо промашување во 65. минута, по што казната стигна преку Олисе кој зголеми на 2-0. Сепак, Брант во 84. минута намали на 1-2 и ја врати надежта на Дортмунд дека може до бод, меѓутоа гостите немаа сила за втор погодок.

Фото: FC Bayern Munich