
Синер го прегази Алкараз и го освои турнирот „Шест кралеви“
Синер беше одличен во првиот сет, а Алкараз ги загуби првиот и петтиот гем на свој сервис за да може Италијанецот да слави со 6-2.
Алкараз се соочи со проблеми и во петтиот гем на вториот сервис, кога Синер пропушти дури пет брејк-топки, но затоа во седмиот гем направи брејк и тоа му беше доволно за да стигне до 6-4.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 13,5 милиони долари, па така за сите учесници беа резервирани богати награди.
Фото: EPA