
Четири гола за Гринвуд, Марсеј со пресврт го реши Авр
Авр прв постигна гол во 24. минута, но потоа Лорис доби црвен картон по што почна катастрофата за гостите.
Гринвуд набрзо израмни на 1-1 од пенал, а потоа постигна уште три погодоци во серија за предност од 4-1 на Марсеј.
Тука не беше крајот бидејќи Марсеј преку Ваз зголеми на 5-1, во судиското надополнување беа постигнати уште по еден гол на двете страни. За гостите погоди Туре, додека Муриљо стрелаше за домаќинот.
Фото: Olympique de Marseille