Тросар со еден гол го „нокаутира“ Фулам и го врати Арсенал на врвот (ВИДЕО)

Арсенал повторно е лидер во Премиер лигата, откако славеше во лондонското дерби со 1-0 против Фулам, а голот го постигна Леандро Тросар.

„Топчиите“ не беа најдобри во првиот половина час од натпреварот, кога Фулам имаше неколку добри шанси, меѓутоа не ги реализира.

Гигантот од „Емирати“ се разбуди во вториот дел, а Тросар во 58. минута ја затресе мрежата на Фулам за предност од 1-0.

Арсенал е лидер со 19 бодови по осум одиграни кола, додека Фулам остана на 14. позиција со осум поени.