Флик тотално полуде - со срамна гестикулација го прослави победничкиот гол (ВИДЕО)

Откако дојде во Барселона, Ханси Флик постојано повторува дека не сака да коментира судиски одлуки и дека арбитрите имаат тотална слобода да ги водат натпреварите како што мислат дека треба.

Денеска германскиот стручњак се демантираше сам себе бидејќи во повеќе наврати жестоко реагираше на одлуките на еден од најконтроверзните шпански судии Хесус Хил Мансано. Капак на се беше црвениот картон што Флик го доби на почетокот од судиското продолжение на второто полувреме.

Ја напушти клупата, но не отиде многу далеку бидејќи го проследи финишот од почетокот на тунелот кој води кон соблекувалните. Само две минути подоцна Араухо го постигна победничкиот гол што предизвика еуфорија на трибините, но и кај самиот Флик.

Тренерот на Барселона не само што бурно го прослави голот, туку и срамно, некултурно гестикулираше, веројатно кон главниот судија. Исклучувањето што го доби значи дека тој нема да може да ја води екипата на Ел Класико кое е на програмата идната недела на „Бернабе“.