
Неславен крај на Ѓоковиќ: Луѓе, не се чувствувам добро... (ВИДЕО)
Српскиот ас се обиде да ја задоволи публиката, играше одлично, се бореше, но откако го загуби првиот сет во тајбрејк, реши да го предаде дуелот. Тој прв сет траеше необично, дури 76 минути што очигледно дополнително го исцрпи тенисерот.
„Не сум во најдобра форма, сакам да им се извинам на сите. Жал ми е, луѓе, но не се чувствувам добро. Жал ми е што не го видовте вториот сет. Браво за Тејлор. Имавме неколку добри поени, еден од најдолгите сетови што сум ги играл сигурно. Се забавував одлично тука, ме пречекавте одлично. Ова е трет пат во последните три години да сум овде. Ако се натпреварувам следната година, се надевам дека повторно ќе бидам тука. Ако ме сакате“, рече Ѓоковиќ.
Публиката во Саудиска Арабија му даде поддршка на српскиот тенисер, но откако се предаде, некои од нив, разочарани, го исвиркаа. Во вечерашното финале од егзибицискиот турнир се среќаваат Карлос Алкараз и Јаник Синер.
фото: EPA photo