
Торино е баук за фаворитите - по Рома, го тресна и шампионот (ВИДЕО)
На шампионот му недостасуваа Скот Мектоминај, Расмус Хојлунд, Станислав Лоботка, Амир Рахмани, Ромелу Лукаку и Никита Контини, а Матео Политано и Алесандро Бонџорно исто така не беа целосно подготвени. Тоа се одрази на играта, а на крајот и на резултатот на овој натпревар.
Моментот на одлука се случи во 32. минута кога грешката на Гилмор му овозможи на Симеоне да ја избегне офсајд-стапицата, Аргентинецот потоа ги измами Џовани Ди Лоренцо и Милинковиќ-Савиќ и ја затресе противничката мрежа. Поранешниот играч на Наполи не го прослави голот бидејќи неколку успешни сезони помина токму во тимот од Неапол.
Неколку моменти подоцна можеше да биде 2-0 кога Маркус Педерсен шутираше над голот откако додавањето на Симеоне незгодно се одби, додека Сем Беукема шутираше недалеку од голот. Во второто полувреме Наполи притисна, создаде неколку шанси, меѓу кои и онаа на Елиф Елмас кој шутирше над пречката поо еден центаршут на Спинацола.
Во судиското продолжение Ноа Ланг ја затресе мрежата на Торино, гостинските фудбалери бурно прославија, но голот подоцна беше поништен поради офсајд. Наполи може да назадува на табелата во зависност од резултатите, додека за Торино ова беше само втора победа сезонава, а двете ги оствари против моменталните лидери во Серија А, Рома и Наполи.