
Трапановски со прекрасен гол ја продолжи агонијата на Ренџерс (ВИДЕО)
Тоа беше и дуел на македонските репрезентативец Бојан Миовски и Кристијан Трапановски, а позадоволен може да биде фудбалерот на Данди Јунајтед. Не само поради освоениот бод на тернеот на фаворитот, туку и поради постигнатиот прекрасен гол.
При водство на Ренџерс со 1-0, Трапановски погоди во 66. минута со фантастичен удар од надвор од шеснаесетникот и го израмни резултатот. Интересно е тоа што македонскиот фудбалер влезе во игра само неколку секунди претходно и во првиот контакт со топката ја затресе мрежата на домашниот тим. Нешто подоцна Данди Јунајтед и поведе преку Сибалд, но во 87. минута Таверние му спаси бод на Ренџерс.