Ферстапен повторно неприкосновен на спринтот во Остин

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен трета година по ред триумфираше во спринтот за Големата награда на Соединетите Американски Држави, кој се одржа оваа година како дел од 19. трка во сезоната.

Актуелниот шампион ја освои својата втора спринтерска победа сезонава, во Остин, пред Џорџ Расел од Мерцедес. На двајцата на подиумот им се придружи возачот Карлос Саинс.

Спринтот во Тексас беше обележан и со инцидент на стартот, во кој двајцата возачи на Мекларен - Оскар Пјастри и Ландо Норис - ја завршија трката.

Исходот значи дека Пјастри сè уште има 336 поени на врвот на генералниот пласман, 22 повеќе од Норис, додека Верстапен е трет со 281.