Халанд не може да престане да погодува, Сити е привремен лидер во Премиер лигата (ВИДЕО)

Шести натпревар по ред во Премиер лигата, Ерлинг Халанд успеа да се запише во листата на стрелците и стигна до 11 гола во првенството, на само осум натпревари.

Норвешкиот репрезентативец два пати ја тресеше мрежата на Евертон во победата на Манчестер Сити со 2-0 со која поранешниот шампион го нападна врвот на табелата. По релативно мирното прво полувремне, Халанд погоди во 58. и 63. минута, прво на асистенција на Орајли, а потоа на Савињо за нова победа на Сити.

Со оваа победа Сити се искачи на првото место на табелата со 16 бода, колку што има и Арсенал, но „топчиите“ се со натпревар помалку, како и Ливерпул кој заостанува еден бод.

На чело, попладнево можеше да се искачи Борнмут кој беше пред победа на гостувањето кај Кристал Палас, но не го издржа хет-трикот на Матета и натпреварот заврши без победник (3-3).

РЕЗУЛТАТИ:
Брајтон - Њукасл 2-1
Барнли - Лидс 2-0
Кристал Палас - Борнмут 3-3
Манчестер Сити - Евертон 2-0
Сандерленд - Вулверхемптон 2-0