
Спектакл во Мајнц: Седум пати се тресеа мрежите, Баер ги однесе бодовите (ВИДЕО)
Во видстинска голеада, „фармацевтите“ освоија три важни бода и покажаа дека се во голем подем по слабиот почеток на сезоната. Четири гола беа постигнати во првите 45 минути. Баер поведе со 2-0 со погодоците на Грималдо и Кофане, но Сунг го намали резултатот и ја врати надежта на домашниот тим.
Сепак, Грималдо повторно влезе во игра и му донесе на Баер водство од два гола во судиското продолжение. Мајнц ја задржа неизвесноста кога Амири постигна гол од пенал, но гостите повторно отидоа на +2 во 87-та минута кога Тери постигна гол.
Веројатно сите помислија дека се е готово, но домашните не се откажаа. Сиб го намали резултатот во 90-та минута, ама Мајнц немаше сила да извлече барем бод во судиското продолжение.